Бејли: Изразивме загриженост за капацитетот на ДИК

by fokus

Амбасадата на САД ги поздрави прелиминарните заклучоци на ОБСЕ дека изборите биле спроведени на мирен и регуларен начин со неколку случаи на неправилности. Сепак, од таму потенцираат дека неопходни се реформи и подобрување на капацитетот на Државната изборна комисија да организира и спроведе избори.

-Ние ја истакнавме загриженоста на набљудувачките тимови за административните подготовки на изборите и ја повикуваме следната влада да работи на подобрување на капацитетите на ДИК и да ги реши структурните и правните проблеми со избирачкиот список. Изборите на 11 декември беа првиот важен чекор за придвижување на Македонија кон излез од политичката криза. Ги охрабруваме политичките партии кои ќе ја формираат идната влада да работат конструктивно со опозицијата за спроведување на реформите што ќе го продлабочат процесот за евроатлантските интеграции, особено на реформите кои се однесуваат на владеењето на правото- порача Бејли.

Поврзани новости