956
Горан Трајковски е разрешен од функцијата директор на УЈП, потврдиле од Владата за телевизија Телма. Според информациите од таму, ваквата одлука била донесена на синоќешната седница на Влада на која дневен ред биле кадровски прашања.
Владата во средината на август одлучи Трајковски да продолжи да раководи со оваа институција, од кога беше поставен за в.д. директор на УЈП. Во тој период потенцираа дека не се знае до кога Трајковски ќе директорува со УЈП, со оглед на тоа што позицијата директор на даночната управа треба да биде предмет на политички договор меѓу власта и опозицијата.
Нов директор на Управата за јавни приходи е Кирил Миновски, досегашен директор на пазарниот инспекторат.