Поранешниот министер за транспорт и врски и пратеник од редовите на СДСМ, ќе биде нов В.Д. директор на Царинската управа на местото на Ѓоко Танасоски. Ова е едно од кадровските решенија донесени на предлог на владината Комисија за именување, на денешната владина седница.
– Кети Василеска, е именувана за вршител на должностa директор на Државниот управен инспекторат, орган во состав на Министерството за информатичко општество и администрација.
– Ѓоко Танасоски е разрешен од должноста директор на Царинска управа на Република Северна Македонија.
– Горан Сугарески се именува за вршител на должност директор на Царинска управа на Република Северна Македонија.
– Зулфикар Зејнулаи, се именува за в.д. заменик на директорот во Дирекцијата за заштита и спасување, соопштија од Владата.
Владата го разгледа предлогот на Управниот одбор на Јавната установа Национален Парк Галичица, Охрид, за разрешување на Васко Паскали од должноста директор на Установата по поднесена оставка поради извршување на друга функција и го разреши од должноста директор, на негово барање, и за вршител на должност директор на установата го именуваше Александар Миљовски.
Владата се информираше за оставката на Нехри Емрула од должноста директор на Агенцијата за енергетика и заклучи да му препорача на Управниот одбор на Агенцијата за енергетика да го разреши од должноста директор, а за вршител на должноста директор да го именува Дарио Николовски.
Владата донесе одлука да упати препорака до УО на „ЈП Студенчица“ да го разреши директорот Урим Ахмети и на негово место да ја именува Ардита Дани.