2.2K
Досегашниот уредник на информативната програма во МТВ Горан Петрески е нов главен и одговорен уредник во дневниот весник „Вест“ на местото на Горан Михајловски. Новинарите од Вест се изненадиле кога тој утринава се појавил во редакцијата на „Вест“ и од менаџментот бил претставен пред колегите како нов уредник.
Минатиот месец истече договорот на Горан Михајловски, основач на „Вест“ и негов уредник од основањето. МПМ одлучи да не го продолжи неговиот договор. Сите уредници од „Вест“ конкурираа за оваа позиција, но менаџментот се одлучи за Петрески. Сега сосема е легитимно прашањето каква уредувачка политика ќе има весникот и дали ова значи крај на критичката нота на Вест?