Горан Михајловски заминува од „Вест“?

by Фокус

Главниот и одговорен уредник на дневниот весник “Вест“, Горан Михајловски нема повеќе да ја извршува оваа функција. Тој не добил понуда за продолжување на договорот, односно да продолжи да ја врши функцијата главен и одговорен уредник како и во изминативе 15 години.

Директорот На МПМ Срѓан Керим за Фактор вели дека тоа не е вистина. „Вистина е само дека му истекува договорот на 31.12.2015“. На прашањето дали по овој датум ке остане на истата позиција Керим одговори – „кога ќе има одлука од УО таа ќе биде јавно соопштена“.

Самиот Михајловски потврдува дека после декември ќе си замине, без да ги прецизира идните ангажмани.

Поврзани новости