Горан Грујовски го украл идентитетот на колега полицаец

by Fokus

Горан Грујовски, кој е во бегство речиси еден месец, откако му беше одредена мерка притвор, идентитетот Владимир Варелов го украл на колега полицаец, објави телевизија Телма.

Според медиумот,  Владимир Варелов постои и е полицаец, а двојниот идентитет екс началникот на петтата управа Горан Грујовски го украл од негов колега, па сега постојат двајца, еден вистински и еден лажен.
Пасош со име и презиме Владимир Варелов, но со ликот на Горан Грујовски е изработен во МВР и тој со него патувал во Бугарија деновите пред одредувањето на притворот, брифираат извори од истрагата за телевизијата.

 

Поврзани новости