Големи штети предизвика силниот ветер во Гевгелија

by Fokus

Силниот ветер, со јачина од 80 километри на час што дуваше синоќа во регионот на Гевгелија, предизвика сериозни штети во градот откорнувајќи дрвја на неколку локации и делови од кровни конструкции.

Екипите на Јавното претпријатие ,,Комуналец“, откако намали силината на ветерот, излегоа на терен и веќе интервенираат на отстранување на паднатите дрвја, додека тимовите на ЕВН работат на отстранување на дефекти во индустриската зона ,,Блокотехна“, каде дошло до прекини во снабдувањето со електрична енергија.

Според извршениот увид што го направиле екипите кои се на терен, има откорнати дрвја спроти Градската библиотека во центарот на Гевгелија, кај објектот на АД „Водостопанство,, во дворот на детската градинка ,,Сончогледи“ и во спортско рекреативните зони ,,Динќут“ и ,,Вардарски рид“, а делови од кровни конструкции се откорнати од зградата на Основниот суд и од објектот на детската градинка ,,Цветови“ во Гевгелија.

Поврзани новости