Синоќа во центарот на Неготино се одржа славенички пречек на ракометарите на Вардар Неготино, откако се вратија од натпреварот во Прилеп.
Тие извојуваа победа над РК Драчево со резултат 27-22, во бараж натпреварот, и обезбедија опстанок во ракометната Суперлига.
Вардарецот Ѓорѓи Орешков постигна пет гола, Ѓорѓи Ташев и Драган Кузманов дадоа по четири, а Стефан Кочаров и Лазар Адамовиќ додадоа по три гола.
Голем број на граѓани со музика и огномет славеа на градскиот плоштад, и ова е втора голема прослава на спортски успех во Неготино за една недела.
Минатата недела фудбалерите на ГФК Вардар Неготино во Кичево играа бараж натпревар со ЗФК Новаци, и извојуваа победа која ги врати во Втората лига.
И тие беа дочекани со многу народ, музика и огномет, а неготинци ја пренесоа пораката дека се желни за квалитетен спорт и имаат силен навивачки дух.
Вики Клинчарова