423
Хрватските медиуми пишуваат дека Итната медицинска помош се обидувала да реанимира дете кое паднало во базен во дворот од куќа на Медулинска цеста во Пула.
И покрај напорите на здравствените работници, детето починало.
Неофицијално, се работи за тригодишно дете.
За утврдување на точната причина за смртта, надлежното државно правобранителство нареди обдукција.
Полициски службеници продолжуваат со утврдување на околностите на настанот, соопшти истарската полиција.