Во Виена е во тек голема полициска операција, откако вечерва имаше неколку пукања и детонации, во кои, како што објавија медиумите, има и загинати, меѓу кои и еден полицаец, а четворица се тешко повредени.
Засега, позадината на нападот е непозната, но, според првичните извештаи, нападната била синагогата.
Австрискиот медиум АПА, цитирајќи ја полицијата, јави дека едниот напаѓач е убиен, а другиот е на слобода.
На снимките споделени на социјалните медиуми се гледа моментот кога се слушаат неколку рафали, додека минувачите на улица трчаат да се засолнат.
Полицијата апелираше до граѓаните да не користат јавен превоз и да избегнуваат јавни места, како и да не објавуваат фотографии и видеа.
#Wien #Vienna #Austria #Schisserei pic.twitter.com/K22OXLnQh2
— Georgia_HGrabar (@GHG19hr) November 2, 2020