Од големите ветувања на ВМРО-ДПМНЕ на локалните избори и нивната кандидатка за градоначалничка Данела Арсовска нема ништо, велат од СДСМ.
-Реализацијата на проектите за модерно Скопје е нула, а истовремено се запрени, прекинати, укинати започнатите проекти како Бас рапид транзит, реконструкцијата на Универзална сала, изградбата на мостот на Љубљанска, клучката кај Момин поток и ред други.
Со менаџерските способности на „најдобрата менаџерка во Европа”, како што Арсовска се самопрогласи пред една година и мнозинството во Советот од ВМРО-ДПМНЕ големото ветување за бесплатен јавен превоз се претвори во нефункционален јавен превоз и блокади по крстосниците, штрајк на приватните превозници, намалена фреквенција на линиите, преполни постојки и автобуси.
Нема еколошки автобуси, ЈСП тоне во долгови, им должи на приватните превозници 1,5 милиони евра, а истовремено склучува штетен договор со приватна компанија за купување гориво по цена повисока од реалната.
Граѓаните не заслужуваат неодговорна и неспособна локална власт во Скопје.