Голема донаторска акција во организација на СОС БалканМедиа и ЈП „Охридски Комуналец“ од Охрид беше организирана денес по појавувањето на првиот случај на заразено лице со Ковид 19 во општина Ресен.
СОС Балкан Медиа со поддршка од своите партнери охридската компанија „Андрос Фарм“ и г-динот Благој Механџиски, винарија „Лозар“ – Велес, донираа средства за дезинфекција на простории и лична заштита, алкохол за медицински потреби, како и заштитни респираторни маски на ЈЗУ Здравствен дом – Ресен.
Донацијата беше примена од страна на градоначалникот на Општина Ресен, Живко Гошаревски и директорката на Здравствениот дом во Ресен.
Во услови на беснеење на пандемијата предизвикана од Ковид 19, која во овој момент се појави и во градот во кој цели 100 дена немаше ниту еден заболен, донацијата е од голема важност. СОС Балкан Медиа со своите партнери ЈП Охридски Комуналец, винарија „Лозар“- Велес, „Андрос Фарм“ Охрид и „СН Брокер“ Битола и претходно во два наврата донираа на ЈЗУ Здравствен дом Ресен и Општина Ресен.