Вечерва претставничката на Израел настапува на Евровизија во арената Малме во Шведска, што предизвика протести.
Во 16 часот започна протестот против учеството на Израел на Евровизија, а организаторите очекуваа до 25.000 луѓе. Од полицијата велат дека се собрале меѓу 6.000 и 8.000 луѓе.
Локалните медиуми јавуваат дека на улиците излегле граѓани од сите генерации, вклучително и родители со деца. Демонстрантите удираа во тапани и извикуваа палестински пароли. Некој закачи палестинско знаме на покривот на уличната кујна.
„Не слушате ли детски плач? Не гледате ли детска крв? Сите деца се еднакви!” извикуваа демонстрантите.
На протестот е и шведската активистка Грета Тунберг.
Во 18 часот на друга локација во градот ќе се одржи музичка демонстрација за поддршка на учеството на Израел на Евровизија.
Третиот протест ќе се одржи вечерва во Хили, каде се наоѓа арената Малме. Ова е уште еден протест против учеството на Израел на музичкиот натпревар.