650
Во пожарот што од вчера беснее на потегот од Сплит до Омиш полесно се повредени околу 80 луѓе, главно пожарникари, а огнот ги зафати околните куќи и автомобили.
Стотици пожарникари од сите делови на Хрватска се борат со шумскиот пожар што најпрво изби околу градот Сплит, а потоа и навлезе во него. Од 7 часот утрово на помош пристигнаа и авионите за гаснење на пожари.
Шумските пожари беснеат и во Срњине, Жрновница, Подстрана, Строжанец. Изгорени се голем број куќи на перифериите на населените места, како и деловни објекти и автомобили. Дел од населението самоволно ги напушти живеалиштата во загрозените подрачја.