Продолжува комисиската расправа за ребалансот на буџетот

by fokus

Расправата за ребалансот на буџетот ќе продолжи денеска на седница на Комисијата за финансирање и буџет во 11 часот.

Вчера, расправата за ребалансот почна со 840 поднесени амандмани, а најголем дел од нив беа поднесени од ВМРО-ДПМНЕ. Расправата во матичната комисија законски треба да трае десет работни дена.

Министерот за финансии, Драган Тевдовски, во своето образложение пред Комисијата вчера истакна дека основнa цел на ребалансот e да ги намали непродуктивните трошоци и да обезбеди простор за реализација на политиките на новата влада.

 

 

Поврзани новости