437
олем пожар, веќе четири дена беснее во атарот на поречкото село Требовле, кое се наоѓа на 20-тина километри после Самоков. Досега од пожарот се опфатени преку 400 хектари борова шума, а огнената бура се повеќе го зема својот замав, објави НоваТВ.
Претседателот на месната заедница Златко Петровски вели дека по 4 дена, пожарот денеска зел најголем замав и ако наскоро не се преземе нешто, ова село во кое живеат неколку жители и има голема викенд населба, може да биде целосно уништено.
-Институциите надлежни за овој проблем, за жал не покажаа никаков интерес за соочување и решавање на проблемот, вели Петровски.