50
Голем пожар избувна попладнево во атарот на потпелистерското село Цапари, во непосредна близина на викендичките.
Поради силниот ветер огнот се шири со огромна брзина, а засега горат сува трева и грмушки.
Пламените јазици се до локалниот пат и речиси е невозможно да се пристапи до селото.
Се прават обиди да се спречи проширување на пожарот кон моликовата шума на Пелистер, а засега избегната е опасност огнот да ги зaфати куќите во село Цапари.
Од ТППЕ Битола информираат дека интервенираат со 5 возила и 18 пожарникари, а на терен се и екипи на НП Пелистер.