557
Германскиот министер за здравство Карл Лаутербах денеска истакна дека очекува ситуацијата со коронавирусот во земјата да се олесни во текот на летото – но не толку како минатата година поради распространетоста на варијантата Омикрон.
– Сезонски, пандемијата ќе опаѓа, рече тој денеска на конференција во Баварија, пренесува ДПА.
Тој предвидува мал број случаи, но не толку низок како минатата година, кога летото беше „речиси без коронавирус“.
– Варијантата Омикрон е премногу заразна за тоа, рече тој. Летото мора да се искористи за подготовки за есента, кога се очекува нов бран случаи, вели министерот за здравство.