Груевски не помина лошо, смета Богоевски

by Fokus

Поранешниот пратеник Павле Богоевски вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 истакна дека поранешниот премиер Никола Груевски не поминал лошо, односно си отишол во Будимпешта.

„Мислам дека за него воопшто не е дојдено лошо време, тој не виде ниту еден ден негативна последица од своето однесување. Кога дојде време да ја плати цената за злоупотребата на власта, кој со години ја правеше, тој храбро избега во Будимпешта оставајќи ги своите соработници сами да чмаат пред судовите и да ја носат одговорноста за, меѓудругото и неговите постапки“, посочи Богоевски.

Поврзани новости