752
Албанската партија БЕСА, на првиот митинг ја наполна салата „Борис Трајковски” во Скопје. Партијата вечерва ги презентираше носителите на кандидатските листи и изборната програма.
Претседателот на БЕСА, Билал Касам пред присутните говореше оти Албанците со години биле обесправувани во државата и дека сега доаѓа нивното време.
-25 години Албанците во Македонија сонуваат да ги остварат индивидуалните права како нација, но бевме соочени со монтирани случаи како Сопот, Монструм или Диво Насеље- рече Касами.
Инаку, социјалните мрежи и порталите се полни со текстови и коментари за митингoт, а провладините портали пак, пишуваат дека БЕСА „ја растури” ДУИ, која, како што велат, одржувала митинзи во собички.