Георгиевски: Ние ќе одлучуваме за новата влада

by fokus

Коалицијата ВМРО за Македонија ќе одлучува за новата влада, порача синоќа Љубчо Георгиевски од митингот во Охрид.

Ѓеоргиевски потенцира оти на Коалицијата, во која влегоа партиите на Љубе Бошковски и Стојанче Ангелов, е посебен политички субјек и алтернатива и затоа не треба да се гледа преку призмата на ВМРO-ДМНЕ или СДСМ.

-Не не гледајте со кого ние ќе бидеме, прашајте ги другите кој од нив сакаат да бидат со ВМРО за Македонија. Ние ќе бидеме тие кои ќе ја одлучуваме и ќе ја правиме новата влада на Македонија– рече Георгиевски.

Тој изјави оти жали што направиле грешка, што трите партии не се соединиле до сега, бидејќи како што рече, анализите покажале дека можат да освојат минимум 10 претници во Собранието.

Поврзани новости