Ѓоковиќ стои зад коментарите за Косово што ги даде на турнирот во Париз

by Fokus

Српскиот тенисер  Новак Ѓоковиќ остана на својата одлука да испрати политичка порака за Косово на Отвореното тениско првенство на Франција.

По неговата победа во првото коло во понеделникот, Ѓоковиќ напиша „Косово е (симболот на срцето) на Србија. Стоп за насилството“ на објективот на ТВ камерата како одговор на насилните судири во Косово.

Тензиите се зголемија во изминатата недела во Косово, кое прогласи независност од Србија во 2008 година. Во понеделникот имаше судири со демонстрантите поради насилно влегување на новите градоначалници етнички Албанци, во северниот дел на Косово каде живеат етнички Срби.

Десетици мировници на НАТО беа повредени, откако избија судири со српските демонстранти кои се обидуваа да ги спречат новоизбраните градоначалници да влезат во зградата на Општина Звечан.

Ѓоковиќ, чиј татко е роден во Косово, оваа недела рече дека се чувствува должен „да му ја дадам мојата поддршка на нашиот народ и на цела Србија“.

„Се разбира, свесен сум дека многу луѓе не би се согласиле, но тоа е она што е“, рече Ѓоковиќ во средата по неговата победа во второто коло против Унгарецот Мартон Фучович. „Тоа е нешто за што се залагам. Значи тоа е сè.”

Тој додаде дека не разговарал со директорката на тенискиот турнир , Амели Морезмо за инцидентот.

Во вторникот, Косовскиот олимписки комитет (КОК) ги повика Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) и Меѓународната тениска федерација (ИТФ) да преземат дисциплински мерки против Ѓоковиќ.

КОЦ тврди дека Ѓоковиќ  „уште еднаш ја промовирал српската националистичка пропаганда и ја искористил спортската платформа за да го стори тоа“, со што го подигна „нивото на тензија и насилство меѓу двете земји, Косово и Србија“.

Сепак, ИТФ рече дека однесувањето на играчите на грен слем е регулирано со правилникот за грен слем на релевантниот организатор, во кој не постои „никаква одредба … која забранува политички изјави“.

МОК рече дека спортистите потпаѓаат под нејзина власт само за време на Олимписките игри.

„Грен-слем без драма, мислам дека тоа не може да се случи за мене“, рече тој во средата. „Знаете, претпоставувам дека тоа ме води и мене“.

Ѓоковиќ во петок ќе игра со шпанскиот тенисер  Алехандро Давидович Фокина во третото коло на Отвореното првенство на Франција, додека тој ја продолжува својата обид да ја освои 23-та грен слем титула – една повеќе од Рафаел Надал.

Поврзани новости