Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ и обезбеди на Србија пласман во финалето на Дејвис купот во Малага, а потоа беше одлучено да не игра во последното коло против Чешка.
Ваквата одлука беше сосема очекувана бидејќи Ѓоковиќ имаше многу проблеми со левото рамо, во мечот против Алехандро Давидовиќ Фокина, па беше оценето дека е подобро да се прескокне мечот кој нема реално натпреварувачко значење. Српскиот тенисер го израмни рекордот на Ненад Зимоњиќ по бројот на победи за репрезентацијата, двајцата имаат по 43 триумфи, но Зимоњиќ има 17 порази повеќе (30 наспроти 13).
Прв на терен ќе излезе Душан Лајовиќ, кој ќе игра против суперталентираниот Јакуб Меншик. Потоа се играат уште две средби во салата во Валенсија.
По нив силите ќе ги одмерат Ласло Ѓере и Јиржи Лехечка.
За двојки моментално пријавени се Никола Чаќиќ и Лајовиќ, па Лехечка и Адам Павлашек.
Двете репрезентации веќе се пласираа во нокаут фазата и овие дуели ќе одлучат кој од која позиција ќе оди.