Ѓоковиќ ја прифати поканата на Заев да ја посети Македонија

by fokus
По триумфот на Вимблдон тенисерот Новак Ѓоковиќ на победничката прес-конференцијата ја прифати поканата на македонскиот премиер, Зоран Заев, да ја посети Македонија. Одговарајќи на прашања од новинарот на „Макфакс” дали повторно би запеал македонска песна, Ѓоковиќ рече дека му фали кумот кој ја пееше со него „Македонско девојче“.
„Многу поздрави до Македонија, до Скопје! Ви благодарам многу. Не ми е тука кумот Невен, тој беше соучесник на таа забава, кога пеевме после победата против Хуркач. Ќе видиме какво ќе биде расположението, сега е веќе доцна, децата ќе спијат. Веројатно жена ми и јас ќе запееме некоја балада”.
Запрашан дали ја видел јавната покана упатена од премиерот на државата Зоран Заев да ја посети Македонија, Ѓоковиќ рече:
„Ја видов поканата и го прифаќам повикот, но не знам кога тоа ќе се случи, но сигурно ќе дојдам во Македонија бидејќи Охрид морам да го видам”, порача вимблдонскиот шампион.

Делот од видеото со овие одговори е на 16.15 минути.

 

 

Поврзани новости