Ѓоковиќ го победи Федерер во најдолгото финале на Вимблдон, кое траеше речиси пет часа

by fokus

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ го освои Грен слемот Вимблдон, откако вечерва во драматично финале во пет сета го совлада Роџер Федерер. Швајцарецот не реализира две меч топки при водство од 8:7 во петтиот сет.

Во меч што траеше речиси пет часа, за прв пат на Вимблдон беше применето правилото да се игра тај-брејк во петтиот сет по 12:12 во гемови.

Конечниот резултат е 3-2 за Ѓоковиќ, по сетови 7:6 (7:5), 1:6, 7:6 (7:4), 4:6, 13:12 (7:3).

Вкупниот награден фонд на Вимблдон изнесуваше 49,4 милиони долари.

По најдолгото финале на Вимблдон, Ѓоковиќ стигна до својот 16. Грен слем трофеј.

Поврзани новости