Ѓоковиќ го израмни рекордот на Федерер на Вимблдон – без борба е во полуфинале

by Fokus

Најдобриот српски тенисер – Новак Ѓоковиќ без борба успеа да се пласира во полуфиналето на Вимблдон, бидејќи Алекс Де Минор му го предаде мечот на српскиот ас, па сега за ривал го чека подобриот од дуелот Тејлор Фриц – Лоренцо Музети.

Ѓоковиќ годинава на Вимблдон има добри шанси да го израмни рекордот на Роџер Федерер и да дојде од осмата титула, но во исто време веќе успеа да израмни еден швајцарски рекорд, кој ретко кој ќе успее да го израмни.

Имено, Ѓоковиќ влезе во своето 13-то полуфинале на Вимблдон, исто колку и Федерер!

Колку овој податок е впечатлив, покажува податокот дека овие двајца се единствените двајца тенисери кои успеале да го направат ова.

Сепак, на Новак му требаат уште две победи за да израмни уште еден рекорд, а тоа е бројот на трофеи во Лондон.

Поврзани новости