Ѓоковиќ: Алкараз го има најдоброто од Рафа, Роџер и мене!

by fokus

Новак Ѓоковиќ беше разочаран по поразот од Карлос Алкараз во финалето на Вимблдон, но и оптимист по се што се виде во решавачкиот дуел.

20-годишниот Шпанец победи во пет сета и го запре Србинот на патот кон петтата последователна, односно осма Грен слем титула во Лондон.

-Како што реков на теренот, победив во некои епски финалиња каде што се доближив до губење, можеби ова е сега отплатата за тоа“. Секако дека е болно да се загуби, никогаш не е лесно да се загуби неизвесен натпревар, но честитки за Карлос. Беше најдобро кога беше најважно, што е неверојатно за некој на негова возраст. Играше напаѓачки тенис, мислев дека навистина добро се вратив во последниот натпревар, но тој одигра неколку неверојатни удари. Честитки за неговиот тим и него, извонреден турнир за него. Се надевам дека сите уживаа во натпреварот. Да продолжиме понатаму…, рече Ѓоковиќ.

Според него, Алкараз го има најдобротот Рафаел Надал, Роџер Федерер и самиот Ѓоковиќ.

-Мислам дека во последните 12 месеци луѓето зборуваа за неговата игра, дека има елементи на Роџер, Рафа и мене. Се согласувам со тоа. Мислам дека го има најдоброто од сите тројца. Има ментална сила и зрелост завидна за некој во неговите 20-ти. Тој го има тој менталитет на шпански бик, одлична одбрана, што го гледавме од Рафа низ годините. И мислам дека тој има и убави бекхендови за лизгање кои можеби малку потсетуваат на моите, тој бекхенд со две раце, одбраната и способноста за адаптација, мислам дека тоа е мојата голема сила, и тој го има тоа. Никогаш не сум играл против играч како него. Роџер и Рафа имаа свои силни и слаби страни, но Карлос е многу комплетен играч. Тој има приспособливост што мислам дека е клучот за долга и успешна кариера, порача Ѓоковиќ.

Поврзани новости