Година на Mercedes-Benz теренци – Мак Аутостар со најголем мултимедијален салон во Македонија

by fokus

Веднаш по официјалното претставување на престижниот саем за автомобили во Франкфурт, во Македонија прикажани врвните теренски модели на Mercedes-Benz.

Досега никогаш не се случило оддеднаш да бидат презентирани три нови врвни модели како што се GLC, GLE и GLE Coupe, SUV возила кои го привлекоа сето внимание на посетителите на автомобилскиот саем во Франкфурт.

„Овојпат центар на вниманието од Франкфурт се пресели во салонот на Мак Аутостар, каде на посебено организиран VIP настан, сите љубители на иновациите во автомобилската индустрија, можеа одблизу да се уверат во врвната технологија, поради што оваа година се нарекува „Година на теренците на Mercedes-Benz“ – изјави директорот на маркетинг на Mercedes-Benz Мак Аутостар, Владица Кокаловиќ.

a17

За сликата да биде целосна, врвната – „најдобрата“ технологија на Mercedes-Benz, беше претставена на мошне оригинален, иновативен начин, за време на забавата што ја подготви Мак Аутостар.

За таа цел, во објектот на Мак Аутостар е поставен најголемиот мултимедијален салон во Македонија, со интерактивен екран во висина од 9 метри и должина од преку 20 метри. Дизајнот како еден од основните принципи на Mercedes-Benz можеше да се види во секој дел од салонот за време на настанот, вклучително и храната, креирана од најдобрите дизајнери во кулинарството.

a9

Сепак главни ѕвезди на настанот беа токму „Најдобрите на секој терен“, GLC, GLE и GLE Coupe, кои повторно поставуваат нови стандарди во автомобилската индустрија.

Новиот GLC

Новата дизајн филозофија на Mercedes-Benz е целосно пренесена,како во однос на надворешноста,така и во внатрешноста.Новиот изглед ги комбинира сензуалните линии со динамичноста и претставува нова интерпретација на модерната луксузност.

a8

Аеродинамичноста е еден од клучните параметри во одржување на ефиксноста на возилото.Со вредност на коеф.на отпор на воздухот Cd 0.31 (GLK 0.34), GLC поставува нови стандарди во својот сегмент.Потрошувачката на гориво е намалена за дури 19% во однос на претходниот модел.

Како новина, единствен меѓу конкурентите, новиот GLC може да биде опремен со воздушната суспензија – AIR BODY CONTROL, а како стандардна опција достапна е функцијата DYNAMIC SELECT која овозможува различни начини на возење,потоа постојаниот погон на 4 тркала 4MATIC, како и новиот новиот 9-степен автоматски менувач 9G-TRONIC.

Повеќе простор,повеќе забава,повеќе удобност

Во споредба со својот претходник (GLK), новиот модел значително располага со повеќе простор,како за првиот ред,така и за патниците од вториот ред седишта.

Должината на возилото споредена со претходниот модел е зголемена за 120 мм, додека ширината е зголемена за 50 мм.

a11

Погон: агилност, динамичност и удобност се целосно на Ваше располагање

Новиот GLC со помош на DYNAMIC SELECT, како стандардна опција, нуди 5 различни програми на возење, ECO, COMFORT, SPORT, SPORT+ и INDIVIDUAL.

Исто така, дополнително може да биде опремен со опција Оff-Road инженерски пакет, кој нуди 5 други програми за возење и тоа: Offroad, Incline, Rocking, Slippery и Trailer.При користење на воздушна суспензија AIR BODY CONTROL и кога е избрана програма за движење Offroad, Incline, возилото може да се подигне до 15 мм, додека при користење на програмата Rocking, возилото може да се подигне до 50 мм, со што вкупна висина од земјата до најниската точка на возилото изнесува 227 мм.

a5

Мотори

 

 

GLC 220 d 4MATIC

GLC 250 d

4MATIC

GLC 250

4MATIC

Моќност, kW/KS

125/170

150/204

155/211

Вртежен момент, Nm

400

500

350

Потрошувачка на гориво (литри/100 км)

5.0 – 5.5

(6.1 – 6.5)

5.0 – 5.5

(6.1 – 6.6)

6.5 – 7.1

(7.5 – 7.9)

∆ Потрошувачка %

-19

-19

-12

CO2 g/km

129 – 143

 (159 – 169)

129 – 143

(159 – 169)

152 – 166

 (173 – 180)

 ∆ CO2 g/km %

-19

-19

-12

0-100 км/час

8.3

(8.5)

7.6

 (8.0)

7.3

(7.9)

Vmax км/час

210

 (205)

 222

(210)

 222

(215)

() Во заградите се податоци од претходниот моделl

 a23

 

GLE Coupé

Во годината исполнета со многу автомобилски новитети, една премиера привлече огромно внимание – првиот купе теренец со знакот на Mercedes-Benz. Станува збор за моделот GLE Coupé, кој со својот атлетски дизајн и динамични перформанси, ја покажува сета своја самоувереност.

Карактеристично за овој модел е што луксузот е стандарден дел од опременоста. Стандардно опремен со 9G-TRONIC последната генерација на автоматски менувач, LED интелигентен систем на осветлување, електрична 5-та врата, камера за движење наназад, спортски седишта, внатрешност со ARTICO кожа и друго.

a20

На располагање се дизел и бензински V6 и V8 мотори.Дизелската верзија е моделот GLЕ 350 d 4MATIC со 258 КС, додека од бензинските мотори достапен е моделот GLE 400 4MATIC, со V6 мотор, со зафатнина од 3l и моќност од 333 КС и вртежен момент од 480 Nm. Друг модел со мотор во V6 изведба е моделот GLE 450 AMG 4MATIC, со моќност од 367 КС и вртежен момент од 520 Nm.

Новиот GLE Coupé е достапен и со два V8 мотори во AMG изведба, односно моделот Mercedes AMG GLE 63 4MATIC со зафатнина на моторот од 5,5l, моќност од 557 КС и вртежен момент од 700 Nm. Како врв на понудата на располање е и моделот Mercedes-AMG GLE 63 S 4MATIC кој располага со моќност на моторот од 585 КС, вртежен момент од 760 Nm и рекордно забрзување до 100 км/час за само 4,2 секунди.

DYNAMIC SELECT – различни програми на возење

Благодарение на стандардната опција DYNAMIC SELECT, можете да изберете од исклучително удобно до вистински спортски начин на возење.

На располагање како стандардна опција се 4 различни програми: INDIVIDUAL, COMFORT, SLIPPERY и SPORT, додека во комбинација со воздушна суспензија – AIRMATIC, се добива уште едно ново искуство, програмата SPORT+. При избор на програмите SPORT, SPORT+, а во содејсто со AIRMATIC, може да се спушти суспензијата на возилото со што се добива уште подинамично и директно управување.

a18

Новиот GLE

Mercedes-Benz направи „освежување“  на најпродаваниот модел меѓу теренските возила на Mercedes-Benz, измени кои се однесуваат на изгледот на предниот и задниот дел на возилото, внатрешноста, како и во однос на нивото на емисија на штетни материи и погонскиот систем.Потрошувачката на гориво и емисијата на CO2 се намалени за 17% во споредба со претходниот модел.

За првпат во историјата на теренските возила на Mercedes-Benz, достапен е plug-in hybrid модел, GLE 500 e 4MATIC кој поседува исклучителни перформанси, налик на модел со V8 мотор. Станува збор за BlueDIRECT V6 бензински мотор со директно вбризгување и моќност од 245 kW (333 КС) кој е во комбинација со електромотор со моќност од 85 kW (116 КС).

Што се однесува до бензинските мотори, во понуда се модели со BlueDIRECT V6 и V8 бензински мотори, односно GLE 400 4MATIC со моќност од 245 kW (333 КС), како и GLE 500 4MATIC со моќност од 320 kW (435 КС).

Како дизел мотори, кај новиот GLE на располагање се 4-цилиндричен и V6 дизелски мотор во комбинација со нова 9-степена трансмисија 9G-TRONIC.Тоа се моделите GLE 250 d 4MATIC со моќност од 150 kW (204 КС), како и досега одлично докажаниот GLE 350 d 4MATIC со моќност од 190 kW (258 КС) и вртежен момент од 620 Nm.

Поголема динамичност, агилност и удобност со DYNAMIC SELECT

Овој систем нуди 6 различни програми на возење, од кои COMFORT, SLIPPERY, SPORT и INDIVIDUAL се станардна опција, додека во комбинација со AIRMATIC на располагање е OFF-ROAD програмата за возење и во комбинација со инженерски пакет, достапна е програмата OFF-ROAD+ наменета за тешки теренски услови на возење.

a22

Со помош на воздушната суспензија, се овозможува зголемување на висината на возилото, која од земјата до најниската точка на возилото изнесува 285 мм.

Исто така како новитет е и комбинацијата на напредната воздушна суспензија AIRMATIC ADS и системот за активна стабилност во свиоци ACTIVE CURVE SYSTEM и во зависност од избраната програма на возење од системот DYNAMIC SELECT, моментно и континуирано се прилагодува целокупната суспензија на возилото.Од друга страна системот за стабилност во свиоци ги урамнотежува силите кои негативно влијаат на стабилноста на возилото, со што се зголемува управливоста и агилноста, правејќи го возењето да биде забавно.

Поврзани новости