Го заборавиле Тошта на изрекување на пресуда, самиот се јавил во полиција да го донесат

by fokus

Судот го заборавил Александар Јаневски Тошта да го спроведе со полициска асистенција на денешното изрекување на пресудата во случајот за обидот за убиство на пратеникот, Зијадин Села.

Бидејќи Тошта се уште не е донесен, пресудата ќе биде изречена малку подоцна од планираното. Во Кривичниот суд се присутни останатите обвинети кои чекаат објавување на пресудата, известува репортерот на „Фокус“ од терен.

Како што дознава „Фокус“, Јаневски самиот се јавил во полиција и побарал да биде донесен во Кривичниот суд. Тој не смее на своја рака да го напушти домот затоа што му е одреден куќен притвор.

В.В.

Поврзани новости