454
Осумдесет и петгодишен скопјанец пријавил во полиција дека бил удрен со возило и дека возачот веднаш избегал, информираа од МВР.
Според полицијата, вчера во 21.15 часот од Ургентниот центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ Скопје пријавиле дека кај нив на преглед се јавил Ж.Т. (85) од Скопје. Тој изјавил дека околу 13.00 часот на бул. „Борис Трајковски“, кај место викано „Чешма“, бил удрен од непознато патничко возило додека управувал мопед со скопски регистарски ознаки. Веднаш по настанот, возачот на возилото го напуштил местото.
Во незгодата Ж.Т. се стекнал со тешки телесни повреди. Се преземаат мерки и активности за расчистување на случајот.