Го тужат синот затоа што сè уште немаат внук

by Фокус

Брачен пар од Индија решил да го тужи синот, кој се уште не планирал да има бебе по шест години брак, а бара отштета бидејќи целата своја заштеда ја потрошиле на синот и на својот брак.

Тие бараат нивниот син и неговата сопруга или да им дадат внук во рок од една година или да им дадат речиси 650.000 долари.

Сањев и Садана Прасад велат дека ги потрошиле своите заштеди за да го подигнат и едуцираат синот пилот и да организираат раскошна свадба.

-Мојот син е во брак шест години, но се уште не планира бебе – навеле родителите во поднесокот до судот во Харидвар, каде што уште стои: „ Да имавме внук со кој би можеле да поминуваме време, нашата болка би била поднослива“.

Надоместокот што тие го бараат ги вклучува трошоците за свадбен дочек во хотел со пет ѕвезди, луксузен автомобил вреден 80.000 долари и плаќање меден месец за младенците во странство.

Поврзани новости