„Скопје 2014“ може да се спречи само ако владата падне, порачаа од здружението „Го сакам ГТЦ” и повикаа на протест во среда заедно со Шарената револуција.
-Оваа влада е целосно исклучена од реалноста. Дента кога ЕУ ги блокираше ИПА фондовите и блокираше големи инфраструктурни проекти како автопатот кај Демир Капија и пругата кон Бугарија, тие и ги одземаа надлежностите на општина Центар за да потрошат нови десетици милиони евра на уништување на културно наследство. Со оваа влада нема разбирање – стои во повикот за протестот.
Од здружението потсетуваат дека минатата година на референдум ГТЦ доби повеќе гласови од било кој политичар или партија претходно, и порачуваат дека следува нова жестока борба за спас на еден од главните белези на Скопје.