ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ се буни за се што градиме

by fokus

СДСМ единствено што знае и умее е да ја спроведува политиката на деструкција по наредба на аболицираниот криминалец Зоран Заев, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес конференција на СДСМ на која беше кажано дека опозициската партија нема да дозволи барокизација и на други објекти во Скопје.

-СДСМ – Сорос и нивните сателити се противеа на изградбата на Плоштад Македонија кој носи неколкукратно повеќе туристи во главниот град. СДСМ – Сорос и нивните сателити беа против изградбата на новиот објект на Македонскиот народен театар кој сега ги има најмодерните услови за сценски изведби на балканот и пошироко, факт кој е признаен од сите театарски работници во регионов и пошироко. СДСМ – Сорос и нивните сателити беа против изградбата на Музејот на македонската борба и десетици други градби кои се места што се препорачуваат во странски списанија и кои ги посетуваат илјадници туристи, се вели во реакција на ВМРО-ДПМНЕ.

Од владејачката партија додаваат дека СДСМ ќе била катастрофално поразена на наредните избори.

Поврзани новости