64
МВР информира дека вчера во 10:45 часот, полициски службеници од Полициското одделение Маврово го приведоа Ѓ.Р.(56) од Гостивар, кој го наруши јавниот ред и мир со агресивно однесување во Галичник, за време на одржување на манифестацијата „Галичка свадба“.
Потоа во 20:40 часот, на ул. „Браќа Ѓиновски“ во Гостивар, полициски службеници од ПС Гостивар, повторно го приведоа Ѓ.Р. затоа што го наруши јавниот ред и мир.
По извршеното алкотестирање, кај него биле констатирани 1,75 промили алкохол во крвта, извести полицијата од каде додаваат дека по документирање на случаите, ќе следуваат соодветни поднесоци.