592
Основното јавно обвинителство во Куманово поднесе предлози за издавање казнени налози против три лица за кривично дело – непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.
„Обвинетите на 29 март не ја почитувале Одлуката за забрана и посебен режим на движење на населението во деновите од викендот, па за време на полицискиот час биле затекнати надвор од своите домови“, – се наведува во соопштението од Обвинителството.
Надлежните јавни обвинители на Основниот суд Куманово му предложија за секој од обвинетите да изрече парична казна во вкупен износ од 1 000 евра во денарска противвредност.