433
Дваесети тригодишно момче е повредено од залутан куршум кој го повредил додека седел во чајџилница.
-Вчера, во 23.00 часот од страна на Итна медицинска помош било пријавено дека во село Арачиново, во чајџилница на улица”10′ каде бил како гостин Е.И.(23) истиот бил повреден од залутан проектил. Лицето е префрлено во Градска општа болница “Св. Наум Охридски” каде му е укажана лекарска помош и констатирана му е површинска повреда од залутано зрно во пределот на стомакот. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираат од МВР.