Бебе тешко повредено во сообраќајка

by fokus

Петмесечно бебе е потешко повредено во сообраќајка што се случила вчера утрото во Скопје.

-На улица „Коце Металец“се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „Цитроен“ со скопски регистарски ознаки управувано од М.Т.(38) и патничко моторно возило „Форд Фиеста“ исто така со скопски регистарски ознаки управувано од Е.Н.(36) двајцата од Скопје. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобило пет месечно бебе кое било во возилото „Цитроен“, кое е задржано на понатамошно лекување во Комплекс клиники “Мајка Тереза”. Извршен е увид на местото на настанот, информираат од МВР.

Поврзани новости