Го оставил да чека за да купи дрва, му ја ограбил сопругата и побегнал

by Fokus

Шеесет и деветгодишен скопјанец обвинил дека бил измамен од страна на непознат сторител, информнираа од МВР.

Според полицијата, на 15.04.2018 година, Т.Г. (69) од Скопје пријавил дека истиот ден околу 08.10 часот на бул. „Борис Трајковски” во Скопје од страна на непознат сторител му била извршена измама.  Сторителот влегол во неговиот двор и го прашал дали му требаат дрва. Откако се договориле за цената отишле кај фабрика “Хемтекс” со цел оштетениот да ги види дрвата. За кратко се разделиле, Т.Г. останал да чека. За тоа време сторителот отишло кај неговата сопруга и и побарал 13.800 денари за дрвата, со изговор дека го пратил нејзиниот сопруг, по што заминал во непознат правец.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.

Поврзани новости