Началник на ОЗР во РЦ за ГР Север доби кривична пријава, поради злоупотреба на службената положба, со што го оштетил буџетот на МВР.
„Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди поднесе кривична пријава против Ј.М. началник на ОЗР во РЦ за ГР Север, поради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело “злоупотреба на службена положба и овластување” казниво по член 353 став 5 вв член 45 од КЗ на РМ. Пријавената, во периодот од 20.03.2016 година до 26.04.2018 година, злоупотребувајќи ја својата службена положба и овластување, со пречекорување на границите на овластувањето, во 56 наврати внесувала невистинити податоци за работа подолга од полното работно време со што и биле исплатени околу 110,000 денари со што директно го оштетила буџетот на МВР. Од страна на Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди против пријавената е покрената иницијатива за поведување на постапка за утврдување на дисциплинска одговорност.