На 05.05.208 година во 19,40 часот во Полициската станица Ѓорче Петров Б.Т.(79) Жител на скопско Волкови бил измамен од непознато лице, кое му одзело околу 250 евра за наводна достава на огревно дрво.
„Сторителот откако дошол во дворот на оштетениот и започнале разговор го довел во заблуда дека бил продавач на огревно дрво и дека ќе и му донесе шест метри кубни сечени огревни дрва ако Б.Т. веднаш му исплател 13.800 денари. Потоа заедно тргнале кон село Орман каде што наводно биле дрвата. По кратко време лицето се одвоило од Б.Т. со изговор да земел пила, но тој се вратил во куќата на оштетениот и на неговата сопруга и рекол да ставела кафе и дека дрвата ќе ги донеселе со нејзиниот сопруг, ама прво да му ги дадела парите што се договориле за дрвата. По ова сопругата на Б.Т. на лицето му ги дала парите по што истиот го напуштил местото на настанот. По извесно време Б.Т. се вратил дома, а сопругата му кажала дека на лицето веќе му ги дала парите“, велат од МВР.