344
Х .Р (16) од Сингелиќ синоќа бил нападнат од непознати лица во маркет на улицата „Радован Ковачевиќ“.
Како што соопшти МВР, немилиот настан се случил околу 21 часот, а го пријавил Х.Р.. Според неговото кажување, меѓу напаѓачите бил и С.С (19) од Скопје кому Х.Р. му нанел повреда со нож, сакајќи да се одбрани.
Х.Р. бил удрен во пределот на главата од непознато лице, по што извадил нож и го прободел С.С. во ногата. Доктор од Градската општа болница „Наум Охридски“ кај С.С. констатирал повреда на левата нога по што го пуштил на домашно лекување, додека Х.Р. е пренесен во Ургентен центар – Скопје.
Се работи на целосно расчистување на случајот.