465
Вчера околу 23:00 часот настанала расправија на скопската улица „Коста Абрашевиќ“ помеѓу О.Ш. (31) и О.Џ. (33) од една страна и Ш.Х. од друга страна.
По расправијата, О.Ш. и О.Џ. физички го нападнале Ш.Х., кој по нападот земал секира од својот двор.
Откако виделе, соседите успејале да му ја земат секирата и лицето било спречено во намерата да нападне со неа. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.