Го нападнале главниот надзор зашто ја стопирал изградбата на базен во Охрид

by Фокус

Четириесет и четири годишниот скопјанец В.В. вчера во 12,30 часот во Полициската станица Охрид пријавил дека бил физички нападнат од две непознати лица.

Според МВР, на градилиште каде се изведуваат работи за градење на базен кај Билјанини Извори пријавителот во својство на главен надзор го стопирал градењето поради проблеми со бетонот, па по кратко време дошле двете лица коишто најпрво почнале да го навредуваат, а потоа и физички го нападнале.

Од ударите В.В. се здобил со повреди и му била укажана лекарска помош во Медицинскиот центар во Охрид.

Поврзани новости