566
Прилепчанецот Г.Н вчера навечер во полиција пријавил дека во ресторан во Прилеп неговиот брат Ј.Н.(39) физички бил нападнат од лицата П.А., З.Н. и Д.А..
Според пријавеното, додека Ј.Н. седел во ресторанот со неговата девојка и уште неколку лица, влегол П.А. и го повикал да излезат надвор.
„Откако излегле надвор, Д.А. со рачка од пиштол почнал да го удира Ј.Н., по што се приклучиле и З.Н. и П.А.. Ј.Н. побарал лекарска помош во Општа болница Прилеп“, соопшти МВР.