Гостиварчанец бил измамен од двајца измамници, кои му побарале пари и не му ги вратиле, информираа од МВР.
Според полицијата, денеска А.Ќ.(63) од Гостивар пријавил дека на 26.04.2018 околу 08.45 часот во близина на гостиварската општа болница бил измамен од непознати лица. Тој бил пресретнат од лице кое му рекло дека учествувало во сообраќајна несреќа со возило управувано од странец и дека треба да му ја надомести причинетата материјална штета. После тоа, непознатото лице се оддалечило од него, а му се доближил наводниот странец, кој му побарал пари за да ги спореди дали се вистински со оние кои наводно му ги дало непознатото лице. А.Ќ. му поверувал и му дал 8.000 денари, по што заминал и му кажал дека веднаш ќе се врати. По извесно време тој не се вратил, по што А.Ќ. сфатил дека е измамен. Се преземаат мерки за расчистување на случајот и за пронаоѓање на измамниците.