396
Седумгодишно момче со кујнски нож го прободел постариот 14-годишен брат во грбот по расправија за игра на компјутер.
Во расправијата седумгодишникот со кујнски нож го прободел постариот брат од задната страна на грбот, под десната плешка, соопшти МВР.
Соседка го однела повреденото момче во Клинички центар Дебар од каде, по укажаната медицинска помош, бил препратен во Клинички центар Скопје на понатамошно лекување.