Стотици граѓани оштетени од приватните пензиски фондови

by fokus

Над 300 граѓани зачленети во вториот пензиски фонд, ќе изгубат многу пари поради реформата во пензискиот систем, за чии последици не биле информирани.

Станува збор за осигуреници кои во 2005 година имале околу 10-15 години до пензионирање и не требало да станат членови на двостолбниот пензиски систем. Тие биле шокирани кога по поднесеното барање за пензија, ПИОМ им пресметал далеку пониски пензии од она што реално требало да го добијат.

Тојца од нив веќе се пожалиле до Народниот правобранител.

– Во приговорите граѓаните кажуваат дека никој не им кажал, ниту ги предупредил дека не требало да станат членови на приватните фондови затоа што немаат доволно време да акумулираат доволно средства  и за нив членството било финансиски неисплатливо- велат од канцеларијата на омбудсманот.

Дека 315 граѓани се оштетени со тоа што ќе примаат помала пензија од заработената, потврдуваат и од Агенцијата за супервизија. Но можно е бројката да се зголеми по анализата која е во подготовка.

ОД МАПАС, потврдуваат дека проблеми има и дека тие ги знале, но дека тоа не била нивна одговорност, туку на граѓаните кои ги потпишале договори.

Од таму велат дека работат на предлог закон со кој ќе се бара оштетените граѓани, да бидат вратени назад во државниот фонд и да им бидат трансферирани парите од приватните пензиски фондови.

Поврзани новости