Глечерите во Швајцарија се намалуваат со застрашувачка брзина

by Fokus

Глечерите во Швајцарија се намалуваат со застрашувачка брзина. Вкупно 10% од нивниот волумен на мраз исчезна во период од само две години, бидејќи комбинацијата од ниски снежни врнежи и високи температури предизвикуваат невидено топење, според бројките објавени во четвртокот, објави Си-Ен-Ен.

Годинава глечерите во земјата изгубија 4% од нивниот вкупен волумен, според податоците од Швајцарската комисија за набљудување на криосферата на Швајцарската академија на науките. Ова ниво на топење е само второ по рекордот поставен во 2022 година, кога беа уништени 6% од глечерите.

За да го ставиме ова во перспектива, швајцарските глечери изгубија исто толку мраз во текот на овој двегодишен период колку што беше изгубено во текот на трите децении помеѓу 1960 и 1990 година.

-Загубите што ги видовме во 2022 и 2023 година се едноставно зачудувачки и над сè што сме доживеале досега. Иако глечерите постојано и брзо губат маса со децении, ова е огромно забрзување, рече Матијас Хус, шеф на швајцарската мрежа за следење на глечерите (ГЛАМОС), организација која собира и проценува податоци за глечерите и работи со Швајцарската академија на науките.

 

Поврзани новости