Советникот на британската влада, епидемиологот Нил Фергусон, кој неодамна беше позитивен на Ковид-19, поднесе оставка откако ги прекршил правилата за изолација и се сретнал со својата девојка.
Како што пренесува британски Телеграф, професорот Фергусон, кој го советуваше премиерот Борис Џонсон да воведе карантински мерки и ги убедуваше граѓаните дека мора да се придржуваат кон строгите мерки за социјална изолација ѝ дозволил на својата љубовна партнерка, која инаку е во брак, да го посети во неговиот дом.
Во изјавата за оставката, водечкиот епидемиолог од лондонскиот Империјален колеџ рекол дека направил „грешка во проценката“.
-Прифаќам дека направив грешка во проценката и оти не сум во право. Затоа си поднесов оставка. Се однесував така, убеден дека сум дека сум здрав и имам имунитет. Откако се тестирав позитивно за вирусот, бев целосно изолиран скоро две недели. Длабоко жалам какво било поткопување на јасните пораки дека за да се контролира епидемијата е потребно физичко растојание. Владините упатства се недвосмислени и постојат за да нè заштитат сите нас, изјавил Фергусон.