594
Основниот кривичен суд Скопје соопшти дека главната расправа за предметот „Моќник“ што требаше да се одржи денеска, се одложува поради смртен случај на еден од обвинетите.
Следното рочиште е насрочено за 17 мај 2021 година во 11:00 часот.
За евентуални промени во термините за расправа, странките и јавноста, нагласува Судот, ќе бидат благовремено информирани.